Жена завршила во болница, откако била удрена од такси, вечерва во центарот на Скопје, објави порталот 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата Филип Втори Македонски, на пешачкиот премин кај хотелот „Холидеј Ин“.

Повредената жена со возило на Итната помош веднаш била пренесена во болница.

ФОТО: 24 Инфо