Двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несереќа која претпладнево се случи на улицата Брегалничка во штипската населба Македонка.

Во критичниот момент автомобилот марка Опел Вектра со кривопаланечки регистерски таблички излетал од коловозот и превртувајќи се завршил на заштитаната ограда.

Увид на лице место изврши екипа на СВР Штип во содејство со дежурен обвинител од штипското ОЈО. Истрагата за причините за сообраќајката се во тек.