Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево во Автокоманда.

Според неофицијални информации на 24 Инфо, по судир на камион и автомобил со возила на Итна медицинска помош биле префрлни тројца повредени во сообраќајката.

Судирот се случил на крстосницата од булеварот Александар Македонски и улиците Интернационални бригади и 16 Македонска бригада кај пицеријата „Смок“.

Од МВР засега немаат детали за несреќата.