На Брадинската рампа помеѓу станиците Град-Коњиќ во БиХ, товарен воз кој сообраќал од правец Рајловац кон Чапљина излета од шините околу 18 часот и 30 минути, за среќа без жртви, јавуваат босанските медиуми.
Ова е трет пат за краток временски период возови и локомотиви да излетаат од шините на исто место.
Многу е важно да се напомене дека на мостовите нема заштитини огради кои го штитат возот од излетување од мостот. Тие беа симнати пред неколку години и досега не се вратени на своето место, јавуваат медиумите.