9- годишно дете се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, а 70 годишна жена починала на самото место по пад од балкон синоќа во скопската населба Кисела вода, објави Канал 5 телевизија.
Од МВР за Канал 5 го потврдуваат настанот, но не даваат детали во интерес на истрагата.
Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно.
Според очевидци на настанот, телото на жената завршило на оградата, додека брзата помош го однела детето во Клиничкиот центар.
На местото на трагедијата синоќа беа присутни голем број возила на брзата помош, противпожарни и полициски возила.