На асфалтот на Крит во соседна Грција во мугрите се случи нова трагедија со млад човек кој го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Фаталната сообраќајна несреќа се случила околу 3 часот по полноќ на авенијата Соудас во Ханија по судирот на два автомобили, при што еден буквално се распадна.

Противпожарната служба извадила 22-годишен маж во бесознание кој се возел во еден од двата автомобила.

Констатирана е смрт во болницата каде што бил пренесен со возило на Итна медицинска помош, додека околностите за несреќата ги истражуваат Одделението за сообраќај во Ханија.