Цеца Ражнатовиќ отпатува во Минхен да го бодри својот зет Немања Гудељ. Нејзиното доаѓање во Германија предизвика задоволство кај нејзините фанови од регионот. Словенци, Хрвати, Срби од дијаспората-сите сакаат да се сликаат со неа. Таа пак не одби никого.
Фолк дивата пред неколку дена отпатува за Германија во Минхен, а заедно со ќерката Анастасија Ражнатовиќ ги бодри Немања Гудељ и репрезентацијата на Србија која денеска играше против репрезентацијата на Словенија во меч кој заврши 1:1.
Медиумите ги фотографирале Цеца и Анастасија на трибините, видно расположени, а со нив беа и сестрата и мајката на Немања Гудеља.
Четворката за жал не го виде својот миленик на теренот, бидејќи селекторот Драган Стојковиќ – Пикси го остави Гудељ на клупата и играчот на Севиља воопшто не влезе во игра.