За кралот на трубата Џамбо Агушев, познато е дека е голем романчичар, а оваа негова особина редовно знае да ја покаже на социјалните мрежи. Но, личноста, односно дамата која успева максимално да ја извади оваа доблест од него, е сопругата Асена.
Независно дали е нејзин роденден, годишнина од брак, па и ден без повод, Џамбо секогаш знае да покаже дека е романтичар во душа и заљубен до уши во неговата русокоса која му го украде срцето.
А кога љубовта царува во домот, тогаш и се’ останато полесно функционира. Џамбо е посветен на музиката, а пак Асена нема јавна професија, но работи со луѓе, односно таа е стилист за шминка.
Па така, креативната работа е дел од нејзиното секојдневие. Иако е мајка на четири деца, Асена секогаш изгледа средено од глава до петици, а за она примарното, шминката, на неа мора да биде совршена, а потоа и на нејзините клиентки кои безрезервно им веруваат на вештите раце и креативноста.
Асена не многу е активна на социјалните мрежи, но профилот каде ја презентира својата работа, редовно се полни со нови објави. Инаку, Асена по националност е Турчинка која пред да го сретне Џамбо живеела со нејзините родители во Германија.
Тие се запознале за време на еден настап на Агушеви во Германија, а набргу потоа се родила голема љубов која се уште трае.
„Додека свирев ја видов во првиот ред, убава, русокоса, и додека таа танцуваше јас попчнав да и намигнувам. По концертот се сретнавме и побарав телефонски број и… така тргна се“ – раскажа „кралот на трубата“ во една прилика за тоа како се запознале со неговата сопруга.
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена во брак се тринаесет години, а плод на нивната љубов се ќерката Севги, синот Мерт, ќерката Мелина и најмалата Алина која ја добија минатата 2022 година во месец мај. (vistina.com.mk)