Неодамна, фановите на социјалните мрежи ја прашаа поранешната учесничка во реалното шоу на австралискиот Големиот брат, Тили Витфелд (21) зошто лицето и е покриено со лузни, а таа на својот Инстаграм профил објасни дека пробала еден совет за убавина од TikTok, по што завршила во болница.

Имено, Витфелд неколку пати се појавила во јавноста со маска од зелена глина на дел од лицето, па многумина се запрашале зошто.

– Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам дома, а сега многу се шминкам или ставам маска од глина за да го скријам – напишала студентката покрај фотографијата на која лицето и е полно со црвени лузни.

Бидејќи веќе имала неколку лузни од акни на лицето, таа сакала да ги отстрани, па побарала совет на социјалните мрежи како – а потоа наишла на девојка која во видео на TikTok објаснува дека различни несовршености на кожата може да се отстранат со акупунктура која сами ќе ја направите дома!

Откако самата го пробала трикот, Витфелд заврши во болница со привремено губење на видот поради силен оток и инфекција.

– Тој обид помина така што морав да одам во болница, а лицето никогаш порано не ми било толку црвено и воспалено – изјавила девојката за News.com и ги предупредила другите да не пробуваат слични совети за убавина „направи сам“.

– Не слушајте ги советите во кои се препорачува да правите нешто дома што инаку би требало да го прават стручни лица во салоните – вели студентката и додава дека ваквите третмани претпочита да им ги препуштите на вистински професионалци.