Рускиот генерал Андреј Суховецки бил убиен вчера во жестоките борби во Украина, а како што пренесуваат повеќе руски и украински медиуми, генералот бил убиен од снајперски куршум од украински војник.
Генерал-мајорот Андреј Суховецки, бил заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија, загинал вчера додека украинските одбранбени сили ја одбивала руската офанзива.
Неговата смрт сè уште не е официјално потврдена од руското Министерство за одбрана, но на социјалните мрежи ја објави неговиот колега Сергеј Чипиљов и беше нашироко известувана од неколку руски и украински медиуми.
Воен извор потврди дека тој бил убиен „од снајперист“ и предложи погребот на генерал-мајор – убедливо највисоката руска личност што загинала во конфликтот досега – да се одржи во Русија во сабота.
По неколкудневно негирање, Кремљ вчера призна дека 498 нивни војници се убиени, а 1.600 се повредени во „специјалната воена операција“ во Украина, но вистинската бројка е речиси сигурно поголема.
Во меѓувреме, вооружените сили на Украина денеска тврдат дека руската армија претрпела 9.000 жртви – иако во соопштението се признава дека пресметката на бројот на загинати е „комплицирана поради високиот интензитет на непријателствата“, објави Дејли Меил.