Две лица загинаа, а двајца се повредени на фарма во Холандија, јавува Си-Ен-Ен.

16-годишна и 34-годишна жена биле застрелани на фармата Тро Тарди во Албласердам, источно од Ротердам.

Холандската полиција го уапсила осомничениот во блискиот парк. 13-годишен маж и 20-годишна жена се тешко повредени, а уште едно лице е со полесни повреди.

Фармата Тро Тарди обезбедува терапија за лица со попреченост и проблеми со менталното здравје.

„Осомничениот е уапсен, а огненото оружје е одземено. На сведоците им се пружа грижа и помош“, соопшти полицијата, додавајќи дека нема јасен мотив.

Осомничениот е 39-годишен маж од селото Оуд-Аблас кој и бил од претходно познат на полицијата.

📸

📸

📸

📸