Уредникот на последната руска независна радиостаница Ехо Москва, која руските власти ја отстранија од етерот неколку дена по почетокот на војната, пронашол свинска глава пред неговиот стан и антисемитски слоган залепен на вратата.

Алексеј Венедиктов, кој со децении е уредник на Ехо Москва, изјави дека нема да дозволи Русија да се претвори во нацистичка Германија.

Тој наведе дека на снимката се гледа дека свинската глава е оставена од доставувач на една компанијата, а од фирмата тврдат дека доставувачот на снимката не е нивен вработен.