Скопјанка со автомобил доживеа незгода во близина на театар „Комедија“. Откако искрши две столпчиња кои се ставени како заштита за пешаците и велосипедистите, таа со десната страна од автомобилот се качи над останатите столпчиња кои беа поиздржливи.

Од вчера, ова е втора ваква незгода во потегот од ЕУ инфо центарот кој се наоѓа на почетокот од булеварот, до театар „Комедија“ кој се наоѓа на средина од него.

„Да не има некоја игра за собирање на столпчињата на потегот меѓу ЕУ центарот и ЈБТ?“, прашува Душко Арсовски на „Твитер“.

📷