На социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат како изгледаат нозете на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Струмица. Од самата фотографија може да се забележи каква битка водат пожарникарите и каква жртва поднесуваат во борбата со пожарите.

Засега, добри вести се тоа што нема ниту еден потешко повреден пожарникар, ниту цивилно лице. Единствената жртва е од Старо Нагоричане, 60 годишна жена, чие тело сепак не било пронајдено во опожарената куќа. За овој случај е отворена истрага.

Во долгата битка со огнената стихија кај Пехчево, не беше лесно никому ни на мештаните, ни на доброволците, а најмалку на пожарникарите.

-Вака изгледаат денес нозете на дел од пожарникарите – спасители кои повеќе од 30 часа се бореа со пожарот во близина на Пехчево, објавија тие на својата Фејсбук страница.

📷

📷