Новинари на хрватскиот портал 24сата.хр се во Полска во близина на границата со Украина каде разговараа со Викторија, мајка на две деца чија граната падна пред куќа во Харков.
– Мојот град е нападнат. Сега гледам фотографии од мојот разурнат град и игралиштето каде играа моите деца и сега дојдовме овде – изјави Викторија.
„Ве молам покажете му на светот како живеевме, покажете им го ова“, рече Викторија низ солзи.
– Нашата куќа се уште е таму, но граната падна токму пред зградата – ни раскажува Викторија.
„Сите наши пријатели и нивните деца во Харков сега спијат во метрото бидејќи таму е побезбедно“, рече Викторија.
– Ќе останеме овде во Полска се додека можеме затоа што не сакам моите деца да гледаат војна, да гледаат тенкови и гранати и тоа не е светот што го сакам за моите деца. Не разбираат што се случува – изјави Викторија.
„Ве молам покажете му на светот како живеевме, покажете им го ова“, ни рече Викторија низ солзи.