Попладнево во Хрватска се случила сообраќајна незгода на автопатот А1 помеѓу клучките Јастребско и Доња Зденчина во правец кон Загреб. Од полицијата велат дека во несреќата учествувале два автомобила и еден камион.

– Попладнето излеговме на техничка интервенција поради сообраќајна несреќа кај клучката Доња Зденчина на автопатот А1. Учествувавме со возило за итна помош и четворица пожарникари – објавија пожарникарите од Јастребарско.

Според досегашните информации, во сообраќајната несреќа е повредено едно лице, а истрагата е во тек. ХАК претходно извести дека поради несреќата се возело по една коловозна лента, а се формирала колона долга околу 2 километри.