Австриец нашол златна плочка вредна 48.000 евра во кауч купен на пазар.

Златото било еден килограм и било скриено во каучот. Човекот од Нојкирхен го купил каучот на пазар, потврдил главниот инспектор на полицијата во Нојкирхен, Клаус Деген, за австрискиот весник Nideresterajhishe Nachrichten.

Но, на златната плочка ѝ недостигала една важна работа за да може да се продаде, односно не останал соодветниот сертификат, поради што никој не можел да ја продаде на банката.

Пазарот бил организиран по смртта на една жена, па полицијата му ја вратила златната плочка на нотарот што се грижи за нејзиното наследство.