Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Дубрава-Поди кај хрватскиот град Шибеник, соопшти хрватската полиција.
„На патот Дубрава- шибеничка индустриската зона Поди се случи сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, извести полицијата, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Пријавата за сообраќајната несреќа била во 6.30 часот рано утрово.
– До завршување на истрагата, патот ќе биде привремено затворен за целокупниот сообраќај, а возилата ќе бидат пренасочени. Деталите за оваа сообраќајка ќе ги објавиме по завршување на истрагата и утврдување на сите околности, соопшти Полициската управа Шибеник-Книн.
Почина поранешен фудбалер на Шибеник
Според ШибеникИН, една од жртвите во несреќата е 39-годишниот Дражен Говиќ, поранешен фудбалер на Шибеник.
Говиќ кариерата ја започна во 2000 година во НК Мосор, а четири години подоцна потпиша за Шибеник за кој на 63 натпревари постигна 12 гола.
Кариерата подоцна го однела во Белгија, Канада и Брунеи, а во 2010 година се вратил во Шубиќевац. По пензионирањето, Говиќ стана жесток навивач на Шибеник, не пропуштајќи ниту еден натпревар од трибините.