Вечерва без електрична енергија од 21 часот остана пола Битола.
Без струја беше и дел од централното градско подрачје, двете населби Ушици, Баир, како и други делови од градот.
Од ЕВН за СДК.мк потврдија дека нема електрична енергија во дел од градот, а додаваат дека екипите се на терен и работат на случајот.
Од ЕВН Македонија рекоа дека се работи за испад на трафостаница.
„Поради испад на 110кВ трафостаница во Битола, во моментот поголем дел од градот е без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на случајот“ соопштија некаде околу 21:30 часот за Тера Тв од ЕВН Македонија.
Прекинот на електрична струја траеше околу еден час.