Автомобил со тричлено семејство – маж, неговата бремена сопруга и четиригодишно дете слета во кањонот на реката Ибар, во близина на селото Батраге.
Во несреќата која се случила околу 19 часот и 30 минути загинала трудница, додека нејзиниот сопруг и детето биле спасени од кањонот длабок 100 метри. Како што дознаваме станува збор за црногорски државјани.
Спасувачките служби брзо реагирале спуштајќи се по кањонот од кој прво го извлекле четиригодишното дете. Присутни се голем број спасувачки екипи, полиција и итните служби.
Се уште не е познато како дошло до несреќата.