Александар Р.(32) кој е осомничен дека на 19 јануари со „фиат панда“ ја удрил полицајката Сузана Јоксимовиќ во Вождовац, како што јавуваат медиумите, се предал на полицијата!

Да потсетиме, полицијата трага по него од 19 јануари кога, како што се сомнева, на пешачки премин ја прегази полицајката Сузана Јоксимовиќ (47) со „фиат панда“ која си ги шетала кучињата.

По несреќата тој побегнал од местото на настанот, а со него во автомобилот имало уште три лица, кои ден по несреќата сами се пријавиле во полиција и го откриле идентитетот на возачот осомничен дека ја усмртил несреќната жена.

Како што пишувавме претходно, Александар Р. има полициско досие.

– Набргу по несреќата, полицијата го пронајде автомобилот со кој е прегазена Сузана Јоксимовиќ. После тоа, патниците од возилото се јавиле во полиција и е започната потрага по несовесниот возач кој сега се предал во полиција – вели нашиот извор.

Инаку, медиумите дошле до фотографија од „фиат панда“ која, како што се сомнева, кобниот ден ја управувал осомничениот и која имала забележителна штета при несреќата.

-Кога граѓаните го пронајдоа телото на Сузана Јоксимовиќ на улица, сите прво помислија дека ја удрил џип или некој голем автомобил, но се испостави дека се работи за „панда“. Возилото е пронајдено по несреќата, шофершајбната е скршена на милион парчиња, а предниот дел е целосно скршен – вели нашиот извор.

Исто така, во шокантна исповед за Курир, братучедот на Сузана, Душан Бабудер, изјави дека нејзиното тело е непрепознатливо по несреќата.

– Ја удрил на пешачки премин на метар од тротоарот, а сигурно возел над 100 км/ч. Ја влечел на хаубата 20, 30 метри и побегнал. Се прашувам, каков човек е тој што би можел да направи такво нешто и да не запре? – вели братучедот на Сузана.

Истрагата за несреќата ја води Второто основно јавно обвинителство во Белград.