Жена чиј идентитет се уште не е потврден во текот на попладневните часови паднала низ стрмнината кај првиот тунел на патот Ужице- Златибор директно на магистралата и останала мртва на лице место, објавуваат српските медиуми.

Возачите кои околу 17 часот ја минувале магистралата останале шокирани од морничавата глетка- тело на мртва постара жена како лежи на магистралата.

Се претпоставува дека оваа жена во текот на попладнето на стрмен, каменит и непристапен терен над магистралата собирала лековити билки, бидејќи, во нејзината гардероба биле пронајдени некои лековити билки.

Што точно се случило и како несреќната жена низ стрмнината над самата магистрала паднала на патот, засега не е јасно.

На местото на местото излегла полицијата, итна помош, лекарите пристигнале брзо, но не можеле да и помогнат на несреќната жена.