Синоќа нешто по 21:00 часот се случила сообраќајна незгода во сплитската приградска населба Солин на улицата „Пут Мајдана“ кога возачот на автомобилот ја пробил оградата и излетал од патот во каналот.

Пожарникарите веднаш излегле на местото на несреќата, а пристигнала и брза помош, но според првичните информации никој не бил пренесен во болница за лекарска помош.

Повеќе информации ќе бидат познати по увидот. Глетката по несреќата е речиси неверојатна како автомобилот успеал да заврши точно во каналот: