Пред почетокот на седницата на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, во салата беше забележана невообичаена ситуација.

Имено, фоторепортерот на порталот Klix.ba снимил бизарна глетка на подот од салата – змија.

Како што може да се види на фотографиите, станува збор за помала змија, а не е познато за кој вид станува збор.

Откако змијата предизвика чудење кај присутните парламентарци, еден службеник ја отстрани со парче хартија.

Впрочем, се поставува прашањето како змијата се нашла во салата на федералниот парламент.