Во експлозија во стан во Атина денеска загина еден маж, а една жена беше тешко повредена. Истрагата за инцидентот ја презеде антитерористичката единица на полицијата.
Постои сомневање дека експлозијата е предизвикана од експлозивна направа.
Во истрагата пронајден е пиштол со девет куршуми, кој е предаден во форензички лаборатории за да се утврди дали е употребен во кривично дело.
Засегашните сценарија на надлежните за причината за експлозијата говорат за неправилно ракување со механизам или случајно активирање на експлозив.
Првичната проценка дека експлозијата би можела да биде предизвикана од истекување на гас беше брзо отфрлена, бидејќи немаше наоди за поддршка на оваа верзија.
Неколку часа по експлозијата, идентитетот на тешко повредената млада жена ги мобилизира безбедносните органи, откако беше утврдено дека и е позната на Државната безбедност. Експлозијата се случила во дневната соба на станот, каде што се наоѓал мажот, кој настрадал веднаш.