Четиринаесет лица загинаа во авионска несреќа во бразилската држава Амазонас, соопштија утринава локалните власти.
Дванаесет патници и двајца членови на екипажот загинаа во несреќата во близина на туристичкиот град Барселос, напиша гувернерот на државата Амазонас Вилсон Лима на мрежата Х (поранешен Твитер).
Медиумите објавија дека авионот бил ЕМБ-110, двомоторен турбопропакт од бразилскиот производител Ембраер. Тој летал од Манаус до Барселос.
Патниците биле бразилски државјани кои се упатиле кон регионот на Амазон за да се занимаваат со спортски риболов.