Во сообраќајна несреќа денеска на патот с.Ропотово-Прилеп загина 71-годишен маж од Македонски Брод.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу камион и автомобил управуван од С.Р., кој починал на самото место.

– Денеска (19.02.2022) околу 11.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) од Битола и патничко возило „форд галакси“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(71) од Македонски Брод. На местото на несреќата починал С.Р., соопштија ов МВР

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

📷

📷