На хрватскиот остров Вир вчера бил пронајден мртов делфин, а причината за смртта се уште не е позната. На плажата Пунтадура го пронашла Словенка, која за тоа ги известила надлежните.

Словенечкиот портал 24ur пренесува дека жената им раскажала на властите, кои го зеле животното и го однеле на анализа.

– Засега се уште не знаеме зошто умрел делфинот – изјави хрватскиот морски биолог Драшко Холчер.

– Вчера добивме пријава за мртво животно. Според протоколот, луѓето се јавиле во центарот 112, а властите потоа го однеле делфинот во Загреб на обдукција, рече тој.

Порталот пренесува дека засега не постои слика од грбните перки, па се уште не можат да го идентификуваат животното.

– Исто така, не ни се познати резултатите од обдукцијата, па не можеме да ја потврдиме причината за смртта, изјави Холсер за Danas.hr.