Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово нешто по 09:00 часот на авенијата Лавриу во атинската област.
Според грчките медиуми, патнички автомобил управуван од лекар од Сирија, со голема брзина удрил во задните тркала на камион кој вертикално ја преминувал авенијата. Во тешкиот судир повредени се сите шест патници од автомобилот, додека сопругата на возачот е потешко повредена со скршеници на долните екстремитети.
Покрај парот, во автомобилот биле и нивните две ќерки на 16 и 17 години, како и уште две лица од нивното пријателско опкружување.
Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болница, додека сообраќајната полиција ги истражува причините за тешката несреќа.