Алпинист од странска земја загинал денеска при пад од опасна карпа на хрватскиот остров Паг, објави Горската служба за спасување.
Жената која го придружувала настраданиот човек во искачувањето, била извлечена од карпата.
„Попладнето бевме повикани откако било пријавено за несреќа додека две лица се качувале на карпата Стогај. Едното лице паднало и загинало. Другото лице е спасено и не е повредено“, соопшти Службата.
На терен интервенирал и хеликоптер со спасувачи.