Три лица загинаа, додека четири се повредени во страшна сообраќајна несреќа која се случила во средата вечерта на патниот правец Булќиза-Маќеларе во Албанија.

Како што јавуваат медиумите од соседна Албанија, возачот на едно од возилата што учествуваше во трагичната сообраќајна несреќа вчера е уапсен од полицијата.

Несреќата се случила околу 18:15 часот кај мостот во село Ѓорица. 28-годишниот маж со иницијали Е.Л., кој веќе е приведен, управувајќи возило од типот „мерцедес“, се судрил со друго возило марка „мерцедес“ кое го управувал 55-годишен маж со иницијали К.И., жител на Маќеларе.

Од тешката несреќа двајца од жртвите, за кои се знае дека се браќа, починале на лице место, додека третата жртва, Љ.И., починала во болница.

📸

📸

📸

📸