Јелена Карлеуша синоќа настапи во Мостар, во ноќен клуб каде се собраа над илјада нејзини обожаватели и до доцна во ноќта ги пееја некои од нејзините најпопуларни хитови.

Пејачката на својот Инстаграм сподели неколку фотографии направени пред настапот.

На фотографиите кои завршија во фотошоп, Јелена позираше во комплет Версаче кој ги истакна нејзините бујни гради и совршено рамниот стомак.

📸

📸

📸

📸

Сепак, фотографиите што ги објави публиката покажуваат дека пејачката има малку поизразен стомак, а јасно е дека го монтирала и лицето во една од популарните апликации.

Иако некои следбеници знаат да напишат во нејзините коментари дека премногу ги средува фотографиите, изгледа дека пејачката не се грижи за тие критики.