На Reddit се појавија објави за тоа колку е променето лицето на Володимир Зеленски по само 40 дена војна во Украина.

На мрежата кружат фотографии од 23 февруари 2022 година, ден пред почетокот на руската инвазија, во споредба со фотографии направени вчера, кога Зеленски го посети градот Буча.

Невозможно е да не забележите разлики. Војната во Украина трае 42 дена, а лицето на украинскиот претседател драстично се промени за тој период.

Корисниците на Reddit му пишуваат пораки со поддршка на украинскиот претседател.

„Овој човек е апсолутен херој, остана и се бори. Каков лидер“, „Човеков постави стандард кој мал број светски лидери некогаш ќе го исполнат“, пишуваат дел од корисниците на Reddit.