Обилните дождови кои ја зафатија Австрија оставија делови од Виена под вода. Фотографии од поплавениот автопат меѓу Сент Полтен и Виена, кој сега е затворен ги обиколи социјалните мрежи.

Граѓаните утрово ги разбудиле алармните сирени, бидејќи водостоите на реките забрзано се кревале. Поплавени се голем број улици, куќи и други објекти.

Во последните неколку часа во реонот на градот Виена беа извршени повеќе од 1.100 операции, а некои области останаа без електрична енергија.

Противпожарната служба се уште очекува голем обем на операции и повика дополнителен персонал.