Кристина Аранда, сопруга на тамошниот познат фудбалер Иван Торес, била убиена на еден музички фестивал.
Кристина со фудбалерот имала три деца, а во текот на концертот била погодена со куршум во глава.
Тамошните медиуми јавуваат дека Торес на фестивалот бил со сопругата и неколку пријатели, и дека на манифестацијата на која присуствувале 7.000 луѓе дошло до мафијашка пресметка, во текот на која Кристина во еден момент само паднала.
Токму Торес бил првиот кој ја кренал својата сопруга и се обидел да ја однесе во болница, но сепак немало спас.
Two dead, one of them the model and 'influencer' Cristina 'Vita' Aranda, in a shooting during a concert in Paraguay. It happened in the city of San Bernardino, during the Ja'umina Fest show, which was attended by thousands of people pic.twitter.com/kFyVoQVUr3
— nOn Stop (@nONsToP_aStUr) January 31, 2022
Потврдувајќи ја смртта на 29-годишната Кристина, директорката на болницата Јоланда Гонзалес рекла:
„Беше интубирана кога пристигна и се обидовме да ја реанимираме најмалку 25 минути откако доживеала срцев застој. Почина по долгите обиди да и се спаси животот“.
Се огласил и нејзиниот сопруг Иван, кој наводно требало да се раздели од сопругата, но во последно време добиле нова слика за својот брак:
„Секогаш бев многу искрена личност и денеска се чувствувам многу тажно. И покрај тоа, денеска сум тука да дадам се од себе и секогаш да се борам. Му се заблагодарувам на моето семејство, моите соиграчи и поранешни соиграчи кои ме поддржуваат во овој тежок момент“.
Се верува дека парот се обидувал да ги разреши несогласувањата меѓу нив.