Новинарот на ТВ Клан Македонија, Фуркан Салиу, кому Македонците не му биле јасни што сакаат, се придружи на протестот од навивачката група „шверцери“ на ФК Шкупи за финансиската поддршка од 250 илјади евра од Град Скопје за ФК Вардар.

„И да го видам некој да ми пишува за неплаќање на струја или даноци… Не сум против да се помогне #Вардар, но каде е одговорноста кај тие што го користеа клубот за подигање на национализмот и создавање на меѓуетничка омраза кога им требаше глас повеќе?, прашува Салиу.

Тој прашува зошто да не се помогне, на пример, на Работнички, клуб кој во последниве години произведува квалитетни фудбалери кои играат во најјаките европски лиги?

– Зошто да не се помогне Шкупи, којшто е единствен клуб од главниот град кој ќе игра второ коло во квалификациите во европските натпреварувања? До кога нашите даноци ќе ги крадат антиспортисти и бизнисмени кои што клубовите ги гледаат само како фирми, а не како важен дел од нашето општество кои мора да опстојат ако сакаме здрава младина, пишува Салиу.

Цела држава се крена на нозе за ‘аудито’ на Мерко, е па дечки со 250.000 можат да се купат 3 ‘аудиња’ со фул опрема“, коментира Салиу на Твитер.