Кристина Тишкун (27) од Украина, чие појавување во провокативен фустан на приемот на заменик министерот го чинеше функција, тврди дека никогаш не била советник во Министерството за образование на Украина и соработничка на заменик министерот Игор Гарбарук.

Да потсетиме, Гарбарук остана без работа откако се појавија фотографии на кои со други официјални лица позира покрај убава млада девојка во провокативен црн фустан со длабоко деколте.

Набргу по ова, заменик министерот беше разрешен од должноста.

Веднаш потоа се прошири веста дека Кристина го донирала својот фустан во хуманитарни цели и дека е продаден на аукција за 1.000 долари. Тоа повторно ги вжешти приказните за оваа прекрасна дама и нејзината поврзаност со Гарбарук.

Сепак, иако речиси сите украински медиуми тврдеа дека таа била во министерството како советник, Кристина сега цврсто демантира.

– Да ставиме крај на тоа. Не бев вработена во Министерството. Не отидов во Лавов во официјална посета и никогаш не бев советник на заменик министерот. Бев ангажирана во еден проект и во него учествував од медиумски и комуникациски аспект, а не како негов советник и помошник, тврди Кристина.

Таа вели и дека на прославата во Лавов отишла самоиницијативно, бидејќи му се восхитува на тамошниот градоначалник и сакала да се сретне со него.

– Имам многу високо мислење за него како експерт и сакав да го запознаам и тогаш бевме фотографирани, тврди таа.

Кристина истакна дека е свесна дека фустанот кој го носела на дочекот бил провокативен.

– Сакам да се борам против она низ што поминуваат жените денес. Мојот фустан е форма на протест. И мене ме погодува родовата нееднаквост и сексизмот. Постојано сум соочена со тоа. Ме оценуваат според изгледот, вели Кристина.

Посочува и дека добила бројни навреди и закани, а ништо не направила освен како што вели, само облекла фустан.

Останува да се утврди на кој начин Кристина била ангажирана во Министерството, бидејќи оваа нејзина изјава не се поклопува со онаа што самиот Гарбарук ја даде по оставката.

Имено, пред да се огласи Кристина, се огласи и Гарбарук кој рече дека добил отказ.

„Време е да се разјаснат некои работи. Прво, јас всушност ја напишав изјавата по моја волја. Мојот став е дека државниот функционер е одговорен не само за себе, туку и за своите подредени. Тоа е сосема нормална европска практика до која се придржувам. Второ, како и секој човек имав избор. Можеби не поднесов оставка, но одлучив да постапам токму како што решив. Искрено им благодарам на колегите од Министерството за образование и наука на Украина ,како и на колегите од другите министерства за се што успеавме да направиме заедно. Се надевам дека постепено ќе има институција за углед во општеството и дека секој политичар и функционер ќе одговара достоинствено за своите зборови и постапки, напиша Гарбарук и им честиташе на сите Нова Година.