Безживотното тело на сопственикот на бензинската пумпа „Петриќ“, Ристe Петриќ, било пронајдено во автомобил во Бјелина, Босна и Херцеговина.
Телото било пронајдено во автомобил „тојота“ во улицата Живоин Мишиќ. Овој случај е пријавен денеска во 17:15 часот во Полициската станица 2 Бјелина.
На терен излегла и Итната помош на Здравствениот дом Бјелина, а лекарите можеле само да констатираат смрт.
-Полициски службеници од Секторот за криминалистичка полиција на СВР Бјелина се на лице место и во тек е увид и утврдување на причината за смртта – изјавија од полицијата за ИнфоБјелина.