Поинаков вид на војна се води на западната граница на Украина, бидејќи многу млади луѓе не сакаат да одат на бојното поле и се обидуваат да побегнат во странство.

На видеата се гледа како се употребува сила од властите врз мажите фатени во близина на границата со Романија, кои се обидуваат да избегаат, пред да бидат мобилизирани. Сепак, и покрај реѓителноста на украинските власти, некои успеваат да побегнат. Многумина ги нарекуваат кукавици, додека некои други ги нарекуваат предавници.

„Јас не сум предавник. Многу од моите пријатели веќе заминаа. Секој што има шанса, си оди“, изјави за Скај њуз млад Украинец кој решил да замине во странство за да избегне регрутирање. Границата ја поминал преку планина, откако платил 6.000 долари како цена за да излезе од земјата.

„Овие луѓе не се подготвени да умрат. А младите не се подготвени живи да влезат во земја. Многумина доаѓаат кај нас за помош“, вели еден од трговците со луѓе кој помага оние што сакаат да ја напуптат земјата и кој признава дека воопшто не се срами од својата постапка.

Во моментов, властите се обидуваат да го спречат проблемот. Армијата има потреба од регрути. Сепак, илјадници Украинци се обидуваат да заминат од Украина. Секоја недела, властите апсат и лица кои се обидуваат да побегнат и лица кои се осомничени дека се помагаат во тој процес.

Во декември, на Украина и беа потребни повеќе од половина милион нови војници, прашање што претседателот на земјата, Володимир Зеленски, го опиша како многу чувствително.

Намалување на старосната граница за повиканите да се пријават во војска

Две години по почетокот на војната, на бојното поле главно се средовечни мажи кои се здобиле со повреди и се на работ на исцрпеност. Бројот на регрути се намалува и се чини дека армијата не може да се справи со барањата на војната со Русија.

Со новиот предлог-закон усвоен вчера (11.4.2024) се намалува возраста на повиканите да се пријават во армијата од 27 на 25 години. Целта на законодавците е да се најде решение за проблемот со недостигот на борци. Но, многумина веруваат дека Украина ќе мора да најде други начини за регрутирање, бидејќи во наредните месеци и по усвојувањето на законот се очекува да се зголеми бројот на млади луѓе кои ќе заминат во странство.