Тоа што жупаниското државно правобранителство покренало истрага поради сомнение дека сториле кривично дело против сексуалната слобода на сметка на жена на истокот од Хрватска, не му се допаднало на осомничениот двоец Д.М. и А.С. па решиле да поднесат жалба на одлуката на обвинителот за спроведување на истрагата како и на одлуката за нејзината тајност, објавуваат хрватските медиуми.
Затоа што и двајцата, секако, ја негираат вината и фактичкиот опис на делото за кое се обвинети и кои го сметаат за нејасен и неразбирлив. Поконкретно, тие се обвинети дека минатата година по пат на принуда и без согласност извршиле сексуални односи со оштетената, со која првоосомничениот е дури и во кумска врска.
– Веќе подолго време практикуваме секс во тројка. Пред тој инкриминиран настан, таа доброволно стапи во сексуален однос со мене. И тоа е неспорно бидејќи на неа нема ниту повреди ниту траги на насилство, а камоли присилба. Да беше вистина тоа што го тврди, немаше да го пријави по неколку дена. Не е логично дека би ја терал на секс затоа што јас и таа веќе долго време имаме тројка со нејзиниот сопруг – тврдеше, меѓу другото, Д.М. притоа алудирајќи на вистинитоста на пријавата на жртвата.
Но, и покрај исцрпните жалби на осомничениот, еден окружен суд во земјата, кој одлучуваше по нивните жалби, ги смета за неосновани. Следен чекор е обвинителството од кое зависи дали случајот ќе резултира со обвинение или не. Во случај на покренување обвинение и последователна осуда, им се заканува затворска казна од три до 15 години.