Некогашната македонска репрезентативка и легенда на Кометал Ѓорче Петров, Лариса Кисељева, се соочува со голем проблем. Нејзината ќерка, која е родена во Скопје, во времето кога Лариса настапуваше за поранешниот европски првак, боледува од канцер на ногата, објави порталот 24 ракомет.
Матичниот клуб на Кисељева, Ростов Дон, веќе спроведува акција за финансиска помош во тешката животна битка што ја очекува легендарната ракометарка и нејзиното семејство. Сите детали на кои може им се помогне финансиски на Кисељева и нејзиното семејство ги има ТУКА.
Кисељова има голем број на пријатели во Македонија, кои сигурно ќе можат да допринесат и да и помогнат во овој тежок период за неа.
„Суна е Македонка“, рече Лариса при една посета на Скопје. „Родена е во Скопје, но заминавме од овде кога имаше три години, додава таа.
Таа остави голема трага во македонскиот ракомет. Левото крило за многумина беше еден од најдобрите играчи, кој несебично гинеше за тимот во двата правци. Љубовта кон Кометал Ѓорче Петров прерасна и во љубов кон Македонија, па од руска репрезентативка која освои бронзен медал на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, стана македонска репрезентативка и беше дел од тимот на европската и светската премиера на дамите на СП 1997 и ЕП 1998.
Кисељева до 2008 беше во Македонија, а во македонската престолнина е родена и нејзината ќерка Суна. Денеска живее и работи во родниот град Ростов Дон, каде е доцент на катедрата за спорт на Универзитетот во Ростов, тренер е на машката и женската универзитетска ракометна екипа, а исто така ангажирана е и во Ростовската федерација за младински ракомет.