Првото телевизиско соочување меѓу лидерите на двете најголеми политички партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, е од огромно значење и дава демократски печат во предизборието, оценуваат дел од експертите.

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски траеше повеќе од 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери.

Популарната страна на Фејсбук, Шило Магазин, направи анкета поставувајќи го прашањето:

Кој според вас беше подобар во денешниот ТВ Дуел, и на кого повеќе му верувате?!?!

Во продолжение погледнете ги резултатите. Од вкупно 500 гласа Мицкоски доби 76%, додека Ковачевски 24%.