На 18 декември почина Андрија Ѓорѓевиќ, еден од златната генерација модели заедно со Ѓорѓе Кортина и Невен Бошковиќ, од седумдесетите до деведесеттите. Последниве неколку години повеќе време поминувал во Сурдук покрај Дунав отколку во Белград, каде што е роден и имал стан, пренесува српски „Курир“.

Во сабота на 25 декември на гробиштата Нова Бежанија во 12:15 часот ќе биде испратен во вечно почивање од колегите и пријателите.

– Од сите модели на мојата генерација, најчест контакт имав со Андрија. Отидов во Сурдук каде што најде мир со мало слатко мешано куче. Тој имаше сериозни срцеви проблеми. Ретко доаѓал во Белград, само на лекарски прегледи. Поретко се гледавме минатата година поради ковид, но се слушавме на телефон на секои десет дена и секогаш разговаравме долго време. Последен пат беше три дена пред да не напушти. Беше прекрасен пријател, господин, со чиста душа, благ и скромен. Многу ми е жал за него бидејќи го гледав како свој брат, вели поранешниот модел Драган Јаковљевиќ, кој пак е брат на познатиот доктор Момо Јаковљевиќ.