Иранeцот Сајад Ганџадех е првиот олимписки победник во карате во категоријата над 75 килограми.

Тој стигна до златниот медал и покрај фактот што претходно беше изнесен на носилки.

Тој беше нокаутиран во финалето од Саудиецот Тарег Хамеди. Хамеди одлично го започна финалето и по само девет секунди поведе со 3-0 со удар во глава. По половина минута додаде уште еден поен и беше на добар пат да го освои златото.

Тој не беше потресен од поенот што ја освои Иранецот. На крајот од првата минута од борбата, Гањзадех започна да напаѓа, а Хамеди го preсретна и го удри со нога во глава од контра. Иранецот остана да лежи на татами, па му ставија и „крагња“ околу вратот, а потоа со носилки го изнесоа од салата.

Меѓутоа, судиите потоа одлучија да го дисквалификуваат Хамеди, објаснувајќи дека тој не ја контролирал својата сила за време на ударот, што е еден од елементите на каратето.

Иранeцот Сајад Ганџадех така освои златен медал.