Утрово околу 8.30 часот на улицата „Грга Јанкеш“ во белградската населба Миријево, 40 годишна мајка со своето дете скокнала од третиот кат од ходникот на зградата. Детето за кое се знае дека има 7 години, веднаш било пренесено во Ургентниот центар.

Неговата реанимација е во тек, а според соседите таа наводно го полила со киселина, пишува српски „Курир“.

– Слушнавме дека го полила и детето со киселина – велат соседите на мајката која утрово се решила на овој ужасен чекор.

Покрај него, во Ургентниот центар хоспитализирана е и неговата мајка (40). Нејзината дијагноза се уште е во тек.

И двајцата, патем, се транспортирани во свесна состојба. За среќа паднале на тревниот дел, а не на бетонскиот тротоар.

Жената која се одлучила за овој хорор има и ќерка. На местото на настанот се појавиле нејзиниот сопруг и татко.

– Мојата сопруга е здрава жена. Моите заклучоци зошто го направила ова не се валидни. Ве молиме сфатете ја мојата ситуација, изјави сопругот на жената која се фрли од станбена зграда со своето дете.

Инаку, сопружниците се во фаза на развод и не живеат заедно.

– Имаше една пријава за семејно насилство. Имено, дошло до кавга помеѓу мажот и жената. На полицајците им рекол дека ја оттурнал сопругата и дека таа му удрила шлаканица. На полицијата и ветија дека ќе го средат недоразбирањето и дека нема да се повторат вакви ситуации, вели за српските медиуми соговорник близок до истрагата.

Според информациите, полицијата во близина на светларникот пронашла женски папучи.