Милош Илиќ (30), таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ од Бор, вечерва ја даде првата изјава по исчезнувањето на неговата ќерка во Бањско поле минатиот вторник.
– Сакам само ќерка ми да се врати дома жива и здрава! Полицијата си ја врши работата и јас им верувам. Ние како семејство ќе се огласиме кога сето ова ќе заврши – изјави таткото на Данка за „Блиц“.
Новинарите на „Блиц“ ги сретнале мајката на Данка, Ивана и бабата на паркингот пред зградата во Бор, каде во моментов престојуваат родителите на малата Данка Илиќ. Мајката не сакала да одговори на прашањата и заедно со бабата влегла во зградата од која излегол таткото Милош и дал кратка изјава.
Таткото и мајката на исчезнатата Данка Илиќ изминативе денови неколку пати беа испрашувани во полиција во рамки на истрагата за околностите на мистериозното исчезнување на нивната ќерка. Но, тоа не значи дека за нешто се осомничени, ниту дека ќе бидат во иднина.