Италијански воен авион се урна за време на вежби во Торино, падна врз автомобил и усмрти петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавија италијанските медиуми.
Според првичните извештаи, до несреќата дошло затоа што авионот влетал во јато птици, а потоа почнал да губи висина. Пилотот успеал да се катапултира, а авионот паднал на самиот крај од пистата.
Автомобилот во кој се наоѓало четиричлено семејство се превртел по експлозијата. Родителите успеале да го извлечат постариот син на безбедно, но додека се обидувале да го спасат девојчето автомобилот се запалил и не можеле ништо да направат.
Девојчето починало, а момчето се здобило со тешки изгореници и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата. Неговата состојба е многу сериозна и според првите проценки изгорениците покриле 15 отсто од неговата телесна површина.
Torino, mezzo delle Frecce Tricolori si schianta durante un’esercitazione a Caselle: le fiamme uccidono una bambina di 5 anni che si trovava a bordo pista insieme alla famiglia. Illesi i piloti del velivolo. pic.twitter.com/RcEoN43dA5
— Daniele Angrisani (@putino) September 16, 2023