Кавадарчанец денеска бил приведен, по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во два часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата, појаснуваат од СВР – Велес.

С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител. Како што додаваат од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа пак, во 19:30 часот во ОВР – Кавадарци, Т.П., 68-годишен росоманец, пријавил дека во угостителски објект во Росоман бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.