Кивањето е одбранбена реакција на телото и потреба од исфрлање на штетните алергени и иритирачки материи од носот и устата. Но, колку пати сте се нашле да воздржите кивавица, без разлика дали поради учтивост или некоја друга причина? Сигурно знаете дека може да биде опасно, како што дознал еден 34-годишен Британец.
Бизарен случај е забелан во 2017 година во Лестер. Еден човек бил хоспитализиран откако ја задржал кивавицата покривајќи ја устата и носот, пренесува LadBible.
„Пациентот почувствувал пукање во пределот на вратот, а набрзо и оток. Не можеше нормално да голта, а гласот му се промени“, објасниле лекарите. Човекот рекол дека не јадел ништо, но дека промената настанала откако го задржал кивањето. Немал температура или проблем со дишењето.
По прегледот било лоцирано болно место на вратот, а рендгенот покажал дека одредена количина воздух е „заробена“ во ткивото на грлото. Откриениот „џеб“ потврдува дека мажот сам си го пробушил вратот! Овие повреди обично се предизвикани од траума, операција или инфекција.
„Пациентот објасни дека секогаш го задржува кивањето, бидејќи смета дека е нехигиенско да го прави тоа во друштво на луѓе. Тоа го правеше со години, но последниот пат беше поинаку. За среќа, перфорацијата беше мала, па операција не беше потребна“, вели д-р Вандинг Јанг.
Holding in a sneeze caused hole in man's neck https://t.co/BigJCjgJPj pic.twitter.com/rWDwT4SpEW
— BE HERE CLEVELAND, LLC. (@beherecleveland) January 22, 2018
По два месеци терапија и хранење со цевче, Британецот се опорави и немаше други последици. Сигурно ја научи лекцијата, а веруваме и другите кои дознаа за овој случај.