Околу 11 часот утринава, во породилното одделение на Општата болница Задар пристигнала 22-годишната Наташа, млада мајка која се породила во саботата попладне во расадникот на Националниот парк Пакленица, пишува zadarski.hr.

Неверојатното породување е уште поневеројатно поради фактот што мајката тврдела дека не ни знаела дека е бремена. Таа со асистенција на вработените во Националниот парк го донела на свет своето мало девојче, кое се родило без никакви компликации, а вработените во ХГСС ги префрлиле мајката и новороденчето во кањонот, каде што биле предадени на екипата на Итна медицинска помош и потоа пренесени во задарското породилиште. Мајката во понеделникот на сопствена желба била отпуштена од болница, а денеска пристигнала во породилното одделение да го земе своето девојче.

Високата и витка девојка била придружувана од нејзината мајка и нејзиниот хрватски домаќин, пријателот на нејзиниот татко Борис, со кој летувале во Карина кај Обровац. Се изнервирала кога видела новинари пред породилиштето, не сакала да дава изјави, ниту да зборува за настанот кој веќе три дена е голема вест во хрватските и луксембуршките медиуми, пишува zadarski.hr.

-Сите сме се уште во шок, но најважно е се се заврши добро, дека малото е добро. За се друго ќе се води сметка. Семејството го познавам со години, со таткото на Наташа работевме заедно во Луксембург и ова е првпат да ја посетат Хрватска. Никој од нас, ниту во најлудите соништа, не можеше да замисли дека ќе се случи тоа што се случи, дека ќе се вратиме со дете. Луѓето не прашуваат зошто однесовме трудница на планина. Па, никој од нас не знаеше дека е бремена, разберете, ситуацијата беше шокантна за сите. Посебно за нејзините родители и нејзиното сегашно момче со кое се забавува веќе неколку месеци – ни раскажува Борис.

Од изјавата на Борис може да се заклучи дека моменталниот партнер, кој очигледно бил шокиран од случката, не е татко на детето, а Наташа го криела тоа од него.

– Кога стигнавме таа се пожали дека не се чувствува добро. Многу повраќаше, но претпоставивме дека е изморена од искачувањето. Ништо посебно не беше видливо на неа, тоа што можете да го видите и денес, само неколку дена подоцна. Меѓутоа, породувањето веќе започна, а мојата сопруга и нејзината мајка беа бабици. Набрзо дојде екипата од Паркот, а потоа и сите други служби. Сè уште ми е неверојатно, нејзиното семејство нема ни објаснување. Дали го сокрила, дали го чувала во тајност, тешко е да се каже дури и на најблиските, а камоли на нас. Повторувам, најважно е бебето да е добро. Сè друго е живот и изненадувањата што ги носи, во случајов е ова мало девојче – вели Борис.

Меѓутоа, како што неофицијално дознаваме, девојката подоцна му признала на медицинскиот персонал дека знаела за бременоста, но поради моменталните сложени животни околности тоа го криела од семејството и сегашниот партнер со кој пристигнала на одмор во Хрватска. Сега таа се враќа во Луксембург со мало девојче во рацете.

Таа ќе биде отпуштена од породилиште денеска или најдоцна утре. Бебето правилно се развива, во добра здравствена состојба е, ја посетува мајка ѝ и кога ќе се погрижат за сите потребни документи, ќе го бебето од болницата во Задар. Веќе и дадоа име, но, велат, тоа ќе остане нивна приватна работа. Во секој случај, тоа ќе биде посебно, како и начинот на кој таа дојде на свет.